Необјавен ремикс на Слаѓана Милошевиќ за годишницата од нејзината смрт

По повод годишнината од смртта на првата дама на југословенскиот и српскиот рок, Александра Слаѓана Милошевиќ, нејзиниот тим објави необјавен ремикс на песната „Неко је ту“, давајќи ѝ на публиката нова димензија на нејзиниот автентичен звук.

Песната „Неко jе ту“ првично беше објавена во 1983 година на албумот „Неутрален дизајн“, снимен во Минхен и издаден од Југотон. Автори на композицијата се Брус Вербер, Момчило Бајагиќ и Слаѓана Милошевиќ. Ремикс верзијата ја продуцираа Александра Слаѓана Милошевиќ и #NVU Music (Никола Вукановиќ), додека видеото го режираше Младен Ѓуровиќ, според оригиналното сценарио на Слаѓана.

Емитувањето на композицијата првично беше одложено поради смртта на Милошевиќ, но сега, со посебна почит кон нејзиното наследство, тимот на Слаѓана Милошевиќ продолжува да го негува споменот на нејзините креативни достигнувања. Планот е да објави архивски снимки, необјавени дела и да одбележи значајни датуми од нејзината кариера.

Александра Слаѓана Милошевиќ остави неизбришлива трага во музичкиот и уметничкиот израз, а нејзината визија продолжува да ги инспирира новите генерации.