Universal Pictures, во соработка со издавачката куќа Sergio Bonelli Editore, го потврдија снимањето на филмот за култниот херој Загор-Те-Неј, или поедноставно – Загор.
Еден од најважните стрип-јунаци во италијанскиот стрип ќе го игра актерот Хенри Кавил, кој веќе ги портретирал другите стрип-јунаци, Супермен и The Witcher.
Се уште не е потврдено кој ќе го глуми придружникот и пријател на Загор – Чико, но се шпекулира дека тоа би можело да биде мексиканскиот актер Мајкл Пења. Како што се испостави, тоа ќе биде трилогија.
Дејствието на првиот филм ќе биде поврзано со популарната епизода „Теророт на шестата планета“, додека другите филмови од трилогијата исто така ќе бидат епизоди поврзани и во кои се појавува иконскиот непријател на Загор, Хелинген.
Ќе видиме колку овој проект на Универзал ќе биде профитабилен и прифатен од светската публика, со оглед на тоа што Загор најголемата популарност ја стекна во Италија и поранешна Југославија, кој е сè уште премал пазар за најавениот буџет од 500 милиони американски долари.
Премиерата на филмот е закажана за средината на 2026 година.