Од „Лепа села лепо горе“ до главна улога на Нетфликс

Популарната платформа Нетфликс објави трејлер за новата напната криминална драма „iHostage“, која е инспирирана од вистински настан – заложничка криза што се случи во 2022 година во продавницата на Apple во Амстердам. Филмот ќе биде достапен на платформата од 18-ти април.

„iHostage“ ја следи приказната за Бугарин кој случајно се нашол во смртоносна ситуација кога вооружен маж држи заложници во продавница. Низ различни перспективи – напаѓачи, заложници и членови на итната служба – се развива потресна драма за храброста, борбата за опстанок и последиците од теророт. Филмот носи и акција и емотивен набој, покажувајќи како обичните луѓе се справуваат во извонредни, опасни по живот околности.

Актерската екипа вклучува некои од значајните имиња на холандската и европската сцена, меѓу кои и Адмир Шеховиќ. Овој сараевски актер имаше само десет години кога се прослави со улогата на момчето Милан во култниот српски филм „Лепа села лепо горе“. Ликот на неговиот пријател, малиот Халил, го толкуваше Милош Ѓуричиќ од Вишеград, кој по тој филм повеќе не глумеше. Двајцата го делат кадарот со пејачката Милица Остојиќ, позната како Мица Трофртаљка, која е во филмот Тетка Џана. Нивните реплики се прераскажуваат и денес.

„Снимањето беше прекинато затоа што чекавме да се направи гумената карпа и веројатно затоа тој реквизит го гледав како нешто многу важно, па ги повторивме сцените неколку пати затоа што, откако ќе удрив во Мица, одев да ја фатам карпата, плашејќи се да не лета во провалија“, рече еднаш Адмир.