„Guns N’ Roses“ го заменија тапанрот пред концертите во Белград и Софија

Guns N’ Roses објавија дека нивниот долгогодишен тапанар Френк Ферер се повлече од бендот по 19 години заедничка работа. Оваа соработка завршува, како што изјавија од бендот, на пријателски начин. Во соопштението се вели: „Бендот му се заблагодарува на Френк за неговото пријателство, креативност и сигурност во изминатите 19 години и му посакува успех во следното поглавје од неговата музичка кариера“.

Ден потоа, беше објавено дека нов тапанар ќе биде Исак Карпентер. Тој можеби не е познато име, но неговата кариера е навистина импресивна. Уште додека бил во средно училиште во 1995 година, го формирал бендот „Loudermilk“, кој подоцна станал познат како „Гослинг“. Од 2014 година е член на алт-рок бендот „AWOLNATION“, а работел и како студиски музичар за бројни познати уметници.

Ферер им се придружи во јуни 2006 година и оттогаш свиреше на сите концерти на групата. Тој исто така настапуваше во периодот кога гитаристот Слеш и басистот Даф МекКаган се вратија во бендот во 2016 година. Тој го замени Брајан „Бреин“ Мантуа, а пред него позицијата ја имаа Џош Фриз, Мет Сорум и оригиналниот тапанар на GN’R Стивен Адлер.

Последниот настап на Ферер со Guns N’ Roses беше на 5 ноември 2023 година, на фестивалот Heaven & Hell во Мексико.

Адлер сè уште настапува со својот бенд, изведувајќи песни од Guns N’ Roses, додека Фриз стана член на Foo Fighters по смртта на Тејлор Хокинс. Во игра се и Сорум и Мантија, освен ако не решат да ангажираат сосема нов тапанар.

Бендот ќе започне меѓународна турнеја на 1-ви мај во Инчеон, Јужна Кореја. Ќе видиме со кој тапанар ќе се појави на белградско Ушќе.