Издавачката куќа „Арс Ламина“ денес, на роденденот на најпознатата македонска писателка за деца и млади Оливера Николова, која почина минатата година, објави дека ја востановува наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади.
Наградата ќе се доделува секоја година на 11 март, а првиот конкурс се отвора денес и трае до 11 јуни. Одлуката за првиот добитник ќе биде објавена во септември, а ќе биде доделена на посебна свеченост. Наградата е откупна и се состои од 60 илјади денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на „Арс Ламина“. Овогодинешното жири за наградата „Оливера Николова“ е во состав: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Весна Мојсова-Чепишевска (универзитетска професорка) и Јагода Михајловска-Георгиева (писателка).
„Романот за деца и млади има клучна улога во обликувањето на карактерот, во развојот на емпатијата, во отворањето на нови светови за најмладите. Во време на книжевноста за деца и притеснета меѓу сликовниците и литературата за возрасни, нашата цел е да го ревитализираме овој жанр, да му дадеме простор да расцутува и да стане повторно значаен дел од современата македонска книжевна сцена“, рече Бугариска. – рече Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“
Право на учество на конурсот имат сите полнолени лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. Ракописот може да биде во должина од 2 до 5 авторски табаци (од 32 до 80 страници) што ќе ги достават самите автор по електронска пошта на konkurs@arslamina. com како Ворд или ПДФ документ со назнака: за конкурсот „Оливера Николова“.