Легендарниот босански музичар и комичар Бранко Ѓуриќ – Ѓуро следната недела ќе гостува во Македонија. И тоа на 17-ти март во Македонска филхармонија во Скопје и 19-ти март во Центарот за култура – Битола.
„Битолчани се гледаме за прв пат на 19-ти март во Центар за култура од 20 часот на Ѓурологија. Се гледаме!“ – им порача Ѓуро на битолчани во видео порака.
По повод 10 години од без конкуренција најпосетениот стенд – ап на Балканот на сите времиња, тој со неговата ,,Ѓурологија” ќе настапи пред македонската публика.
Ова нема да биде „Ѓурологија“, ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу. Шоуто е наменето само за 16+. Влезниците, по цена од 750 денари ќе бидат во продажба почнувајќи од петок (14 февруари) во 10 часот наутро, онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
ВАЖНО: Ќе се одржи само една претстава.