НУ Центар за култура – Битола ја објави годишната програма за работа за 2025 година поддржана од Министерството за култура и туризам на РСМ .
Од областа на драмската дејноста ќе се реализираат: 26-от Интернационален фестивал на монодрама и гостување на НУ Македонски народен театар – Скопје со претставата „Иванов” од А.П. Чехов а во режија на Зоја Бузалковска.
Од областа на музичката и музичко-сценската дејност поддржани се проектите: „Патување низ ехото на претците”, концерт на Филхармонија на РС Македонија со диригент/солист Анна Кондратенко, концертот „Засекогаш во срцата 2025“ и 17-от Фестивал на музика од светот.
Од областа на фолклорна дејност поддржани се 55-от Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови” и проектите: „Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени” и „17-ти по ред Семинар за традиционална музика и игра”.
Од областа на визуелната уметност, архитектурата и дизајнот поддржани се: единаестта по ред Детска ликовна работилница и изложба „Народната култура трајна инспирација во моето творештво”, изложбата „Илинденски денови 1973-1983 – Фото споменар“ од Атанас Нашоку-Саку, групната изложба „Магма”, „40 години Чоканче“ и „Фото споменар – Војводите од Комитско“.
Од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема со нацрт-програмата било побарано: набавка на видео проектор, кино проектор за голема сала, набавка на аудио систем за мала сала и набавка на аудио систем за голема сала. А со финансиска поддршка на Министерството ќе се реализира замена на кино-платно во голема сала.