Aлбумoт „London Sessions“ на Влатко Стефановски од сега во троен LP формат

Новиот албум „London Sessions“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски сега е достапен во троен ЛП формат. Албумот „London Sessions“ е снимен во легендарното Abbey Road Studio 3 во Лондон, во организација на Croatia Records и претставува одлична соработка помеѓу исклучителни музичари. Заедно со Влатко Стефановски, на албумот се неговиот син Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас. Снимањето и продукцијата беа предводени од Горан Мартинац, со помош на Ед Фарел и Леа Морис, додека лак кројот на албумот беше „отсечен“ во лондонското студио Abbey Road од Шон Меги, добитник на Греми награда за „Mono Box Set“ на Битлси.

Љубителите на музиката со нетрпение го очекуваа ова специјално издание, кое ќе обезбеди уште едно поглавје во опусот на Стефанoвски, носејќи го духот на легендарните студија и современите музички иновации од рацете на еден од најголемите мајстори на гитарата.

Публиката веќе имаше можност да ги слушне и претходно објавените синглови кои го најавија овој албум. Меѓу нив се издвојуваат каверите на „While My Guitar Gently Weeps“, „Чукни во дрво“, „Џипси сонг“ и обработката на македонската народна песна „Македонско девојче“.