Санденс стана отскочна даска за многу кандидати за Оскар. CODA, победникот за најдобар филм за 2022 година, ја имаше својата светска премиера на Санденс 2021 година. Четири од петте документарни филмови кои се натпреваруваат за Оскар во 2025 година, дебитираа на Санденс 2024 година. Неколку документарци што се прикажаа оваа година се чини дека се предодредени да ја следат истата траекторија. Критичарот Scott Phillips од познатиот светски магазин Forbes препорача шест филмови од овогодинешниот Санденс, меѓу кои и нашиот „Диџеј Ахмет“.
Диџеј Ахмет: “Најсанденс“ филм што сум го гледал на фестивалот (и тоа не е лоша работа). Станува збор за приказна за полнолетството сместена во Северна Македонија и се фокусира на млад човек по име Ахмет кој сонува да го напушти семејниот овчарски бизнис за да стане професионален диџеј. Дури и неговиот трактор е со стерео звучници за да ги поттикне соседите да танцуваат. Во еден момент Ахмет се затекнува себеси како ѕвезда на социјалните мрежи кога неговото стадо овци упаѓа на локална рејв забава. За да е адолесцентска драма, тој е опседнат со ќерката на соседот кој ја омажуваат за “квалификуван“ ерген неколку години постар од неа. Од бркање на соништа и покрај емоционалната цена, до генерациските конфликти меѓу Ахмет и неговиот татко традиционалист, до преиспитување на застарените општествени конвенции како договорените бракови, сите елементи на Санденс се присутни и се земаат предвид. Но, младата актерска екипа е толку шармантна, а амбиентот е толку единствено интересен што прави старите (а можеби и заморни) теми повторно да се чувствуваат ново. Темата, „секогаш бркај ги соништата“ во Ахмет ме потсети на CODA. Не е лош стандард за стремеж. – пишува Forbes.
Покрај „Диџеј Ахмет“ препорака добија „The Perfect Neighbor“, „Predators“, „The Things You Kill“, „Omaha“ и „Sorry, Baby“.
Извор: Forbes.com