Националниот џез оркестар ве поканува на уште едно неверојатно музичко доживување
кое овој пат се фокусира на АФРО-КУБАНСКАТА МУЗИКА и ги спојува биг-бенд музиката со
кубанските ритми и мелодии! Низ оваа автентична “латино свита” ќе нѐ води нашиот
долгогодишен пријател и соработник, диригентот ЗИГИ ФАЈГЛ (AU) кој со години го држи
пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко.
„Cuban Fire“ е насловот на концертот кој е закажан за 20 февруари во Филхармонија, со
почеток од 20 часот, именуван по истоимениот албум на исклучителниот американски
џез-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. Репертоарот вбројува дел
од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско
биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска
фузија на кубанската и биг-бенд музиката.“
На концертот, оркестарот ќе настапи со појачана дувачка и ритам секција, сето тоа за
поголема автентичност при доловувањето на афро-кубанските ритми и мелодии кои
доминираат во избраниот репертор.
Стен Кентон е влијателен американски џез-бенд, пијанист, композитор и аранжер чијашто
музика се карактеризира со сложени аранжмани и необична инструментација. Тој водел
иновативен џез оркестар речиси четири децении, од 1940-тите до 1970-тите. Познат е по
неговиот прогресивен џез стил, кој комбинира елементи на класичната музика со биг-
бенд џез.
Диригентот Зиги Фајгл е добро познат на нашата публика, меѓу другото и по неколкуте
досегашни настапи со нашиот оркестар. Фајгл е светски познат диригент на биг бенд,
првенствено познат по неговиот придонес за австриската џез сцена. Водел различни биг-
бендови и ансамбли, меѓу кои биг бендот во Грац, ХГМ биг бендот, биг бендот Суд, преку
својата работа покажувајќи го својот талент за аранжирање и диригирање на големи
музички состави. Работата на Фајгл во музиката за биг бенд често опфаќа широк спектар на стилови, од традиционалните свинг и џез стандарди до посовремени и експериментални композиции. Има соработувано со многу реномирани музичари и уметници, како во Австрија, така и на меѓународно ниво, меѓу кои Бил Холман, Тутс Тилеманс, Арт Фармер, Марк Марфи, Боб Брукмаер, Артуро Сандовал и други, и се стекнал со репутација за неговото вешто
лидерство и иновативни аранжмани.