Денеска во Театар Комедија се одржа првата проба за претставата „Олд Сејбрук“ од Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ, копродукција помеѓу Театар Комедија и продукцијата „Перипетија“. Во претставата играат: Маја Љутков, Дарија Ризова, Елена Кузманов, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Благој Веселинов. Костимографка е Ивана Каранфиловска, сценографка Илина Ангеловска, композитор Оливер Јосифовски. Премиерата на претставата е закажана за 26. март 2025 година.
„Old Saybrook“ заедно со „Riverside Drive“ го сочинуваат „Writer’s Block“, две апсурдни сфаќања за брачно неверство. Во овој дел, два брачни пара прават скара во жештината на август во луксузна куќа со базен и панорамски прозорци во луксузниот Олд Сејбрук североисточно од Њујорк. Тие продолжуваат со својот безгрижен кариерен живот и разговараат за сè, од природата до филозофијата. Брачниот пар Дејвид и Џени ги посетуваат сестрата на Џени, Шила и нејзиниот сопруг Норман, кои ја прославуваат својата 7-ма година заедно. Одеднаш добиваат неочекувани посетители кои драстично го менуваат нивното попладне. Зборлест гостин се појавува со неговата сопруга: мистериозен пар со минато во луксузната куќа. Ова води до серија на повеќе или помалку срамни откритија кои откриваат дека Шила била изневерена од нејзиниот сакан долг период. А Дејвид изненадувачки има драматична страна за него, за која Норман не знаел ништо. ОВа е луда „секс фарса“, која опишува катастрофални врски и живот под совршените фасади. Може ли некој да прости и да продолжи понатаму? Каде е повлечена границата помеѓу верноста и неверството и како да ја оживеете страста во врската? – се вели во синопсисот за американските постановки на текстот.