По две приспивни песни и две весели песни, Хана Хуљиќ – Грашо ја претставува својата нова песна во две верзии – „Мали рак“ на хрватски и „Mr.Crab“ на англиски јазик. Оваа песна е создадена во соработка со нејзината мајка Вјекослава Хуљиќ, а гласовите на нејзината мала ќерка Алба, Петар Грашо и самата Хана и даваат посебна магија на песната.
„Мајка ми го потпевнуваше рефренот „Mr.Crab“ на ќерка ми минатото лето додека си играа со мала играчка од рак. Еден од првите зборови што Алба го кажа е „Mr.Crab. Затоа решив да ја надополнам мелодијата на мајка ми со акорди и да го составам остатокот од песната, чии зборови првично ги напишавме. Напишана е на англиски, а потоа преведена на хрватска верзија. Бидејќи Алба постојано ја потпевнува оваа песна, јас ја фатив и ја снимив, придружните гласови, високи и ниски, смеа и други звуци ги сними Петар.“ – изјави Хана Хуљиќ – Грашо.
Таа додаде дека оваа песна и е особено драга затоа што е првата што ја отпеале заедно како семејство:
„Најважно ми е што сите мои пријатели ми кажаа дека нивните деца барале да ја слушнат песната повторно и повторно. Моментално сум во студио и завршувам уште две нови детски песнички, и две мои песни. Секогаш кога ќе најдам време, а моментално ми е тешко, трчам во студио. Научив да работам со бебе во раце.“ – додава Хана.
Песната „Мали рак“, или „Mr.Crab“ е објавена на официјалниот канал на Хана посветен на детските песни, на кој се вeќе достапни и „Гугу Гага“, „Палачинке“, „Спавај, спавај“ и „Тихо, тихо“.