На 25-ти јануари премиера на „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин

Познатиот текст на Бранислав Нушиќ, „Народен пратеник“ повторно ќе биде на сцената на Македонскиот народен театар со премиера на 25-ти јануари. Овој пат во нова постановка во и адаптација на реномираниот српски режисер Егон Савин.

Ова е трета постановка на познатата драма на Нушиќ. Првата беше премиерно изведена на 8 мај 1945, во режија на Тодор Николовски. Во 1993 ја режираше Димитрие Османли, што е една од најпосетените и најдолговечни претстави на театарот која се играше до 2008 година.

Дијалектната адаптација на текстот е на писателот Томислав Османли, асистент на режија е Шенај Мандак а изборот на музика е на режисерот Савин.

Јеврем Прокиќ е Александар Микиќ, негова ќерка Даница е Дарја Ризова, Срета е Тони Михајловски, Спиро, баџанак на Јеврем е Јордан Симонов, Спиројца е Тања Кочовска, Ивковиќ како снимен глас е Александар Михајловски.

Како народ во претставата се појавуваат вработените од техничката служба на театарот и тоа: суфлерот Мирослав Атанасовски и декоратерите Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мартин Китановски и Хусеин Халил