Емотивен дует на Жера и младиот гитарист на „Црвена Јабука“

Дарио Дувњак ги здружи силите со фронтменот на легендарната „Црвена Јабука“, Дражен Жериќ – Жера, во дует наречен „Крени“. Музиката и текстот на песната се на Дарио Дувњак, а на аранжманот соработуваа Дувњак, Жера и Драгомир Херендиќ – Драгиани.

„Песната што ја напишав за мене имаше посебно значење од самиот почеток, а дуетот со Жера и даде дополнителна димензија. Драго ми е што песната успеа да ја одржи атмосферата што ја посакувавме – природна и искрена. Особено сум среќен што е создадена од многу луѓе, а целата „Црвена Јабука“ се појави во видеото во режија на Јаков Шафран. Видеото автентично го прикажува процесот на создавање на песната во опуштена атмосфера, без никаква актерска игра, што е токму она што сакавме да го постигне“, рече Дарио.

Дарио Дувњак, член на „Црвена Јабука“ од 2021 година, го збогатува звукот на бендот на соло гитара и има настапувано со групата на бројни концерти и турнеи низ Европа и светот. Песната „Крени“ е дел од неговиот албум „Нисам више мангуп“, објавен минатата година.

Со искрени емоции и приказна за љубовта, „Крени“ носи нежни мелодии и впечатливи текстови кои сигурно ќе го најдат патот до срцата на публиката.