Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ подготви детска новогодишна претстава.
„Новогодишна збрка ” е најновата продукција на нашиот театар, претстава што ја подготвивме за нашата омилена, најмладата публика. Затоа што децата заслужуваат да уживаат во празничната магија. Дојдете ни во театар, на најубав начин да ја испратиме старата и дочекаме Новата година.“ – порачуваат од Велешки театар.
Премиерната изведба е во сабота 28 декември во 12 часот. Автор на текстот е Катерина Момева а режира Деан Дамјановски.
Во претставата настапуваат актерите: Кети Борисовска, Зорица П. Панчиќ, Исидор Јованоски, Талија Настова, Самоил Стојановски ,Благојчо Стојанов и Симона Димковска.