Синоќа во Центарот за култура-Битола се одржа традиционалниот концерт „Виена во Битола“. Како и минатата година, и оваа година се одржаа два концерти на кои настапија врвните солисти на Националната опера и балет, меѓу кои Марија Кичевска, Франчиско Гименез Руиз и Мими Поп-Алексова.
За вокалниот дел беа задолжени извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова, како и мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола, во придружба на Камерниот оркестар-Битола со диригентот Владимир Димовски. Публиката ја почувствува магијата на Виена и на крајот, имаше можност да учествува во изведбата на „Радецки марш“ од Јохан Штраус.
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски