Објавена програмата на „Зимска приказна“

Празниците ја добиваат својата најубава форма во Битола! Од 20 декември до 6 јануари, ве очекува магична приказна исполнета со музика, уметност, забава и празнична топлина.

Секој ден нова авантура. Концерти под ѕвездите, театарски претстави и улични перформанси, детски работилници и средби со Дедо Мраз, празничен базар и варено вино се само дел од програмата. Целосната програма можете да ја прелистате на сајтот zimskaprikazna.mk.

Не дозволувајте празничната магија да ве одмине, бидете дел од ЗИМСКА ПРИКАЗНА и откријте зошто празниците живеат во Битола од 20 декември до 6 јануари.