Изложбата „Битола виа Дебар“ отворена во Завод и музеј – Битола

Во малата сала на НУ Завод и Музеј се се отвори изложбата на стари фотографии насловена „Битола виа Дебар” на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар,1905 – Битола, 1996). Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија.

На изложбата се прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи (стаклени плочи) и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. Истата ќе биде поставена до 31 декември 2024 година.