Синоќа, во Офицерскиот дом се одржа концерт на НУ Камерен оркестар на Битола насловен како „Градот на клавирите“. На концертот настапија Марија Вршкова и Татјана Божиновска на пијано а под диригентска палка на Бисера Чадловска.

На програмата беше концертот на Леонид Кожелух за четиририрачно пијано што беше за прв пат изведено во Македонија а следеше изведба на Симфонија бр. 5 од Ф. Шуберт.

