Жељко Бебек сними преработка на познатата божиќна песна

Жељко Бебек и неговиот син Звоне подаруваат преработка на божиќната песна „Milost (Amazing Grace)“. Врз основа на добро познатиот текст и музика, Бебек заедно со неговиот син Звоне направија нов аранжман и со тоа додадоа интимен шмек и уникатен семеен дух во песната.

„Оваа година решив да се вклучам во редот на пејачите ширум светот и да ставам песна за Божиќ на мојот репертоар. По долго размислување, по многу понуди што ги имав, различни верзии на божиќна песна кои би можеле да бидат нови, нови аранжмани на стара песна која е веќе испеана, решив да ја објавам „Amazing Grace“, односно „Милост“, на сите им посакувам среќен Божиќ со таа песна“. – рече Жељко Бебек.

Снимањето, миксот, мастерингот и продукцијата се на Мауро Широл од Croatia Records Studio. Песната е придружена со видео запис снимен под диригентската палка на CMC TV продукција во топла божиќна атмосфера и ја нагласува пораката за празнична радост и мир.

Легендарниот пејач со моќен вокал и неодолив шарм со својата интерпретација и песни ги напиша некои од најважните страници во музичката историја на овие простори. Неизбришливата трага што ја остави на музичката сцена се провлекува во неговата 50-годишна кариера. Својата голема годишнина ја прослави со турнеја низ регионот, која ја започна во Загребската Арена, каде на публиката и приреди вистински спектакл со енергичен тричасовен концерт.