Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претставува
спотот за својата песна „Бура“, која за прв пат беше изведена на овогодинешниот Макфест.
Денес, песната ја доживува својата долгоочекувана видео премиера. „Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства. Комплетното авторство – музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е дело на самиот Димитар, кој со оваа песна уште еднаш ја докажува својата уметничка автентичност.
„Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. „Бура“ ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти – изјавува Димитар.
Спотот е реализиран со поддршка на продукциската куќа 77 Ентертејнмент, во режија на Владислав Гавриловски, со модерен визуелен пристап и впечатлива естетика. Моделот Матеја Христовска внесе суптилна емоционалност во приказната, додека стајлингот на Андреј Папаз ја истакна уникатноста на проектот.