Во четврток во Битола ќе се отвори изложбата на стари фотографии насловена „Битола виа Дебар” на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар,1905 – Битола, 1996). Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија.
Отворањето на изложбата е на 12.12.2024 (четврток) во 19 часот во НУ Завод и Музеј – Мала сала во Битола, а истата ќе биде поставена до 31 декември 2024 година.
На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи (стаклени плочи) и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.