Легендарниот Здравко Чолиќ, по шест години се враќа во Скопје и тоа за прв пат со симфониски оркестар на 18 март 2025, во Арена „Борис Трајковски“! 

Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, пристигнува со дури 50 врвни музичари, новосадскиот Биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад. Со оваа ексклузивна концертна програма која во рекордно време ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика има можност да ужива во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани на диригентот Федор Вртачник.

Пристигнува несомнено најпопуларниот концерт за 2025 година!

Неповторлива вечер со најголемите хитови на Здравко Чолиќ изведени во придружба на симфониски оркестар за нова емоција и ново искуство на уживање во едни од најубавите и најголемите љубовни песни испеани на овие простори.