Со концерт на Балкан Мјузик Проџект заврши Фестивалот на музика од светот

Со синоќешниот незаборавен концерт на Балкан Мјузик Проџект го заокруживме 16. Фестивал на музика од светот. Вечерта беше посветена на моќта на дувачките инструменти и извонредните дела на македонски и светски композитори, во изведба на:

Дувачки квинтет Македонија – мајстори кои ја збогатуваат камерната музичка сцена со својот уникатен звук.

Дувачки квинтет на Белградската филхармонија – ансамбл кој веќе две децении плени на светските сцени.

Под диригентската палка на Владимир Димовски, селектор на фестивалот, беа изведени дела од Илија Илиевски, Дејан Деспиќ, Андре Капле и две уникатни свити од самиот Димовски, кои го обединија духот на традицијата и современоста. Оваа вечер не беше само концерт, туку прослава на универзалната моќ на музиката што не поврзува сите нас.

фото | Диоген Хаџи Коста Милевски