Две балетски претстави гостуваат во Битола

Денови на македонски балет во Битола ќе бидат 6-ти и 7-ми декември.

На 6-ти декември со почеток во 20 часот ќе се изведе „Дамата со камелии“ – Величествена приказна за љубов и трагедија, инспирирана од романот на Александар Дима, со музика на Џузепе Верди. Во главните улоги се: Марија Кичевска Шокаровска како Маргарита и Франциско Химензер Руиз (Шпанија) како Арманд.

На 7-ми декември со почеток во 20 часот ќе се изведе „Кармина Бурана“ – Енергично и моќно музичко дело на Карл Орф, оживеано преку кореографијата на Кан Арслан и настапите на балетските солисти и ансамблот на Националната опера и балет.

Две вечери на врвни изведби кои го спојуваат светскиот квалитет со македонската сцена.

Билетите во продажба од 15ч. на билетарницата во ЦК Битола и оналјн на www.3dkinobitola.com