Синоќа, сцената на 16. Фестивал на музика од светот блесна! Manolo & The Voice of Gypsies ја претворија Битола во центар на емоции, ритам и радост. Публиката неуморно танцуваше, пеејќи заедно со светски познатиот Маноло Гименез, чиј глас ја пренесе душата на каталонската румба и фламенкото. Концертот започна со баладата „Ун амор“, а беа изведени и хитовите „Бамболео“, „Воларе“, „Амор мио“, „Баила ме“, како и повеќе преработки за гитара.

Атмосферата беше незаборавна, исполнета со аплаузи и долги овации. Овој концерт беше повеќе од музика – беше прослава на културите, мост што ги поврза сите срца во салата.
Почувствувајте ја енергијата што ја носи само музиката која зборува на јазикот на душата.


