Првенецот на Велешкиот театар, Јордан Витанов, денеска започна со читачки проби за претставата „Мајка“ која тој ја режира во својот матичен театар.
Претставата е по текст од Флоријан Зеле и е дел од трилогијата „Мајка“ „Татко“ и „Син“. Претходно во 2022 година, делот „Татко“ беше поставен во Велешки театар во режија на Ненад Витанов а со Јордан Витанов во главната улога.
Во претставата играат Зорица П. Панчиќ, Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Драматург на претставата е Сашо Димовски, дизајнот е на Филип Коруновски, костимограф Раде Василев, а автор на музиката е композиторот Сашко Костов.
Премиерата на претставата е планирана за крајот на месец јануари 2025 година.