Фестивал на музика од светот 2024: Магијата започнува!

Битола денес го отвора своето срце за 16-тото издание на Фестивалот на музика од светот – единствена прослава на културата, уметноста и звуците кои ги надминуваат сите граници. Од 28 ноември до 1 декември, Центарот за култура ќе биде домаќин на извонредна програма која ги обединува традицијата и иновацијата, носејќи ги љубителите на музиката на патување низ култури и приказни од целиот свет.

Од емотивниот „Волкот на љубовта“, преку спектакуларната „Етно симфонија“, до светските звуци на Manolo & Voice of the Gypsy Kings и уникатниот Балкан мјузик проџект, ова издание го поставува фестивалот како културен епицентар на регионот. Оваа година, фестивалот не само што ја освојува големата сцена, туку нуди и ексклузивна офф програма во Клубот Јагода, создавајќи целосно музичко искуство за сите вкусови. Како и секогаш, Фестивалот на музика од светот останува повеќе од обичен настан – тој е симбол на заедништво, емоција и универзалната моќ на музиката. Бидете дел од ова незаборавно патување и дозволете звуците да ги исплетат најубавите спомени на оваа 16-годишна традиција. Добредојдовте на Фестивалот на музика од светот 2024! Битола, каде што магијата продолжува!

28.11.2024 | Волкот на љубовта Поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски. Поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни во современата македонска поезија: стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски… Во вториот дел, изведувачите ќе презентираат свои песни, а ќе бидат отсвирени и најслушаните љубовни песни од македонските фестивали на 20-от век.

29.11.2024 | Камерен оркестар – Етно симфонија Специјални гости: • Сузана Спасовска – вокал • Благојче Трајковски – кларинет • Петар Горко – актер

30.11.2024 | Manolo – Voice of the Gypsy Kings Маноло Гименез, препознатливиот глас на Gipsy Kings, ќе приреди незаборавен концерт со хитови како Bamboleo, Volare, Jobi Joba и други. Во декември 2010 година, Маноло го напушти бендот за да формира своја циганска формација во јануари 2011 година: „MANOLO voice of Gipsy Kings“, со која ја претставува големината на неговиот непогрешлив глас ширум светските сцени. Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со својот харизматичен настап, мешајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Секој негов концерт е вистинска прослава и покана за танц!

01.12.2024 | Балкан мјузик проџект Програма: Илија Илиевски – Дувачки квинтет, Дејан Деспиќ – Вињети оп.43, Андре Капле – Персиска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Српска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Македонска суита за десет дувачи. Учесници: Дувачки квинтет Македонија и Дувачки квинтет на Белградската филхармонија

OFF Програма на 16. Фестивал на музика од светот (КЛУБ ЈАГОДА):

29.11.2024 – Петок БИТОЛА ЕПИЦЕНТАР DONPLAYA PRINCE$$ DONATSU NEON DISKS 5P JOHNNY LARRY VICE VERCIA
30.11.2024 – Сабота BERRY QYAT LIBURN Почеток: 00:00 часот