Јован Јефтиќ е новиот вокал на „Рибља чорба“

Во Центарот за култура во Чачак во петокот се одржа концерт во спомен на неодамна починатиот рок-музичар Бора Ѓорѓевиќ. Салата беше исполнета до крај, а поддршка од првите редови даваше сопругата на пејачот Дубравка Милаковиќ. Tогаш „Рибља чорба“ за прв пат и засвире без својот оригинален фронтмен а со новиот вокал.

„Во сон сум и чекам некој да ме разбуди. Не верувам дека Бора си замина, а за нас оваа вечер беше инекција адреналин и доказ дека можеме да продолжиме понатаму. Бора преку Дубравка ни кажа дека сака да продолжиме да свириме и дека нова пејач треба да биде Јоца, кој десет години е со нас како придружен вокал. Најверојатно Чорба продолжува да работи.“ – изјави членот на групата Вицко Милатовиќ, кој со тоа стави крај на шпекулациите дека рок групата ќе престане да постои по смртта на Бора Ѓорѓевиќ.

На концертот настапија „Театар Дур“, акустичниот бенд на Мирољуб Хаџиќ, детскиот хор на ОУ „Бранислав Петровиќ“ од Слатина, Големиот хор на гимназијата во Чачак, бендот „Ружичасти слонови“ и Биља Крстиќ.

„Ми беше многу тешко да излезам и да ја испеам песната што со години ја изведував со Бора и групата „Сунцокрет“. Ме зафатија емоции. Убаво е што оваа вечер можеме да му ја посветиме на Бора. Ние сме далечни роднина. Беше нежно суштество, но и силна личност. Знаеме дека тој е секако најдобриот автор од овие простори. Тој беше строг, но мојот омилен шеф. Научив многу и пораснав со него. Последно што направивме беше песна со „Бистирк“ и се викаше „Нашите две срца“. Планот беше заедно да работиме на песна за серијата „Михољско лето“. Ќе мора сама да ја пеам. Се надевав дека ќе ја победи болеста. Заминувањата се тешки, но драгите луѓе се секогаш со нас.“ – изјави Биља Крстиќ по концертот.