Битолскиот дувачки оркестар со концерт „Евергрини: Big Band Edition“

Битолскиот дувачки оркестар најавува уште една незаборавна музичка вечер во Битола! „Евергрин” во Big Band Edition е новиот концертен проект на овој веќе препознатлив битолски состав.

На 28-ми октомври (понеделник) со почеток во 20 часот во Центарот за култура – Битола на програмата ќе се светски познати инструментални евергрини, како и македонски класици, во изведба на нашиот фантастичен оркестар.

Специјален гостин на вечерта ќе биде пејачката Ана Петановска, која со својот глас ќе внесе дополнителна магија на сцената.

Картите по цена од 300 денари се достапни на билетарата на Центар за култура – Битола. Концертот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и Центарот за култура – Битола.