Бидејќи 2024 година беше навистина, во вистинската смисла на зборот многу успешна концертна година и за Владо Јаневски и за Авалон продукција, тие одлучија да ја заокружат заедно со навистина убава дружба со македонската музичка легенда, која со својот целокупен хитовски опус изминативе 30 години ја обои нашата Македонија со најубавите можни метафори и епитети.

Термниот е намерно избран за концертот да биде новогодишен и пред сама Нова година, на 27 декември, а поканети се сите, од цела Македонија на дружба со песните на Владо Јаневски и неговиот извонреден 8 член бенд во живо!

Бидејќи нема сомнеж дека овој настан ќе двои од многубројните, влезниците ќе бидат во продажба уште веднаш, од среда (23 октомври) во 09 часот наутро онлајн нa ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонијa.