Народен Театар – Охрид при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид за викендов најавува нова премиера. „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин својата премиера ќе ја има на 20-ти октомври од 20 часот, а претходната вечер на 19-ти октомври е закажана претпремиерата.
Играат: Адријана Билаловиќ – Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска – Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска – Петреска,
Цената на билетот е 300 денари за претпремиера, 400 денари за премиера! Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.