Поради голем интерес закажан втор концерт на Нина Бадриќ во Скопје

Поради големиот интерес најавен е вториот голем концерт на хрватската поп-дива Нина Бадриќ.

По шест години пауза, еден концерт е малку за неповторливата Нина која повторно ќе ја воодушеви публиката со своите настапи. Придружете се на 27-ми април на вториот концерт во величествената голема сала во Македонската филхармонија и уживајте во незаборавна вечер исполнета со нејзините најголеми хитови и магични настапи.

Бројот на места е ограничен, обезбедете си билет на време на sountix.com и бидете дел од ова музичко доживување.

Продажбата на билети започнува од 27.10.2024 ! Една вечер, многу емоции – заедно со Нина Бадриќ! ✨