Легендарните рокери им приредуваат изненадување на своите фанови – песнарката „Psihomodo Pop – Najveći hitovi“ која содржи текстови и акорди за 44 песни кои ја одбележаа нивната импресивна, 40-годишна кариера. Изданието пристигнува непосредно пред нивниот голем концерт, на 12 октомври во Арена Загреб.
Oбожавателите ќе најдат култни песни во песнарката кои одбележаа децении од нивното творештво и станаа незаменлив дел од секоја забава или собир со гитара. Гобац, Брада, Шпарка, Кузма, Тиги и Тин ги подготвија и ги одбраа најголемите хитови и нивните најомилени песни, вклучувајќи ги и сите албуми.
„Kad sam imao 16”, „Frida”, „Leteći odred”, „Sexy Magazin”, „Iste stvari”, „Natrag u garažu”, „Mila”, „Donna” се само некои од омилените избрани за оваа песнарка, а дополнителен бонус се четири песни од актуелниот албум „Vjerujem u čuda“, објавен оваа година. Песните се подредени хронолошки според времето на објавување и се поврзани со албумот на кој може да се најдат, а акордите се наведени заедно со текстот на секоја песна (со приказ како да се свири).
Песнарката не е само водич низ хитовите, туку и низ историјата на бендот. На преку 90 страници, обожавателите ќе најдат и ексклузивни фотографии на кои се гледа „Психомодо поп“ во различни фази од нивната кариера, а по повод објавувањето на ова издание, Давор Гобац вели:
„Ова е првата книга, се надеваме дека ќе има повеќе во вашиот живот – уживајте во изведувањето, и пеењето на нашите хитови!“