„Ѓоре Магаревски“ по 80 години на сцената на Битолскиот театар за големиот јубилеј

Возбудливи вести доаѓаат од сцената на НУ Народен театар Битола! Започнаа пробите за прославата на големата прослава на 80-годишнина на театарот. Големиот јубилеј ќе се одбележи со претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“ по текст од Владо Малески, едночинката која во 1944 година ги стави темелите на македонскиот театар како прва претстава на македонски јазик во слободна Македонија. Едночинката со дополнителна збогатена содржина за 80 години работа на театарот ја режираат Јовица Ристовски, Благој Мицевски и Софија Ристевска – Петрушевска а игра целиот ансамбал на вработени актери и неколку студенти по глума.

Целата екипа на Народен театар е веќе на сцена, подготвена да го донесе ова ремек-дело кое ја доловува душата на македонската култура и историја. А публиката ќе ја има шансата да бидете дел од овој незаборавен театарски момент!

Изведбата е закажана за 14-ти ноември кога е и одиграна првата претстава во 1944 година.