Од 2-ри до 11-ти октомври во Битола ќе се одржи 33-то издание на Интерфест – Битола. Свеченото отворање е на 2-ри октомври во Народниот театар – Битола каде настапува НУ Камерен оркестар на Битола под диригентска палка на Владимир Димовски со солистите Линда Хедлунг (виолина, Финска) и Антонио ди Кристофано (пијано, Италија).
На 3-ти октомври во Офицерскиот дом настапуваат Огњен Поповиќ (кларинет, Србија), Билјана Јашиќ – Радовановиќ (пијано, БиХ) со дела од Еберл, Менделсон, Гуно и Поповиќ.
На 4-ти октомври во Малата сала на Центар за култура, ДМУ – Битола ќе има „Подиум на млади пијанисти“ кои ќе изведуваат дела на Шопен, Лист, Менделсон, Брамс и Рахмањинов.
На 5-ти октомври во Офицерскиот дом на програмата се Виенски симфониски виртуози: Клаудија Кефер Гиндхумер на обоа, Рудолф Гиндлхумер на флејта, Карл Ајхингер на пијано со дела на Каливода, Дебиси, Борне, Мошалес.
На 6-ти октомври во Офицерски дом е концертот на тенорот Стефан Неданоски со пијанистката Клаудија Рондели од Швајцарија и дела на Пучини, Верди, Леонкавало, Маскањи и Вагнер.
На 7-ти октомври во Офицерски дом свој концерт има дуо пијаното Макле од Италија во состав Сабрина Денте и Анамарија Гарибалди. На 8-ми октомври во Офицерски дом е рециталот на пијанистот Радман Алавирад од Иран а на 9-ти октомври свој рецитал имаат виолинистот Хоакин Паломарес и пијанистот Карлос Апеланиз од Шпанија.
На 10-ти октомври на програмата е претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Софија Ристевска – Петерушевска од Народен театар – Битола. Свеченото затворање е на 11-ти октомври во Офицерски дом со концерт на Камерниот оркестар на Битола и солистот Бертран Жиро на пијано. Овој француски пијанист следниот ден (12.10) ќе одржи свој мастер клас во ДМУ – Битола