Интернационална премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во Прага

Документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов ќе ја има својата интернационална премиера на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Проекцијата ќе се одржи на 29. септември во Националната галерија. Овој фестивал е единствениот во Чешка кој го истакнува значењето на архитектурата како важен дел од секојдневниот живот.

По премиерата, филмот ќе продолжи со прикажување на 18. Интернационален фестивал на архитектонски и урбанистички филм во Истанбул, кој ќе се одржи од 7 до 11 октомври. Проекцијата во Истанбул е закажана за 11 октомври, а „Време на бетон“ ќе се натпреварува за фестивалски награди заедно со 37 други филмови селектирани од 850 пријави од целиот свет.

Филмот нуди уникатен увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со фокус на модерната архитектура од почетокот на дваесеттиот век. Сценариото е дело на Игор Иванов и на Томи Салковски, а нарацијата на Ѕвездан Георгиевски ја интерпретира актерот Никола Ристановски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Проекциите на овие престижни фестивали претставуваат значајна можност за промоција на македонската култура и уметност на меѓународната сцена.