По минатогодишниот фантстичен станд-ап настап на сцената на македонската филхармонија, еден од најдобрите балкански актери со холивудска кариера, Никола Ѓуричко повторно гостува во Македонија, овој пат во БИТОЛА и КУМАНОВО.
Човекот кој на големото платно одигра фантастични ликови во легендарни филмски остварувања како „До коска“(Do koske), „Молњи“(Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“(Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова“ и секако ликот на Јури во мега-популарната продукција на Нетфликс, „Stranger things“, овој пат ни гостува со цел да ја насмее и израдува публиката во овие два града со своето STAND UP SHOW насловено SHOWBIZ.
После полни 3 години на успешното шоу „Се што сакавте да знаете за Џони, а не смеевте да го прашате“, Никола Ѓуричко го спреми новиот материјал насловен „SHOW BIZ” и оваа есен настапува на просторите низ бивша Југославија, со турнеја која започнува на 29 септември, а завршува на 04. ноември. Во рамки на турнејат на 14.10 гостува во Центар за култура – Битола а 15.10 во НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово. Новиот материјал (како и минатиот) Никола го пишува сам, а се однесува на неговиот живот, кариера, семејство, Лос Анџелес…
Ова шоу има за цел да на духовит и исклучително интересен начин да се раскаже дел од интересните детали од животот и кариерата на оваа балканска и светска супер звезда!
Минатата година беа распродадени две сали на Македонската Филхармонија во СКопје, овој пат по само едно ексклузивно шоу во Битола и Куманово.
Билети по цена од 650 денари достапни преку продажната мрежа на МК тикетс.