Петта година по ред во Прилеп ќе се одржи театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Фестивалот оваа година ќе се одржи од 16-21 септември во театарот „Војдан Чернодрински”.
Оваа година битолскиот Бабец театар учествува со дури две претстави и тоа „Бременски музиканти“ и нивната младинска претстава „Сомнително лице“ во изведба на театарска школа Бабец.
На 18-ти септември во 12 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ на програмата е изведбата на претставата „Бременските музиканти“. Во режија на Васко Мавровски и во изведба на Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Катерина Аневска – Дранговска и Петар Спировски ќе ја видиме познатата приказна за пријателство, соработка, самоувереност, храброст, преобразба, надеж како да се најдат заедно со нова цел и смисла во животот? За важноста на тимската работа, пријателството и посветеноста, решителноста да се најде нов дом, сите овие работи ги прават „Бременските музиканти“ не само интересна и забавна детска претстава туку и едно предавање за важните животни лекции.
Истиот ден во 20 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ се игра претставата „Сомнително лице“. Покрај длабоката критика на општествените структури „Сомително лице“ ја отсликува и универзалната борба на поединецот против системот. Оваа претстава е пример како со вештото користење на хумор и сатира може да се критикува бирократијата, првниот систем, корумпираноста и неправдата. Борбата на поединецот против институциите. Не запира и нема да запре. Тоа ќе Ви го покажат младинската поднова на Бабец Театар.
Оваа година на фестивалот учество земаат МТП Прилеп со претставата „Убавицата и Sверот“, МТЦ ЗОНА со „Чернодрински се враќа дома“ и „Книголандија“ од Театар Штип. И ова издание на фестивалот го завршува со концерт на фамилија 5+ : Бенд 5+ забава за целото семејство.
