По започнувањето на новата сезона и учеството на 32. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков” во Струмица со претставата ,,Како ќе го делиме мачорот”, ТДМ продолжува со фестивалот,,ПИФ” во Загреб, каде на ден 15.09.2024 ќе ја одигра една од нивните најнаградувани претстави, „Роња ќерка на ограбувачот”.
На 25.09.2024 и 26.09.2024 свое учество пак ќе имаат на фестивалот ,,Лутке” во Љубљана, каде што повторно ќе се претстават со истоимената претстава пред словенечката публика. Веднаш потоа следува третото издание на нивниот фестивал ИФДТ ,,Игор Маџиров” каде што ќе понудат одлични претстави од земјава и како многу други од странство.