Турнејата на Каролина која започна на 1-ви март продолжува во Германија, со 6 концерти во 6 различни града! Во организација на Авалон и Legacy Event, големата Каролина, во живо со својот бенд и со 120 минутна “best of” програма ќе настапи во:
– Штутгард – 23.11.2024 – Osterfeldhalle
– Нирнберг 26.11.2024 Z-BAU
– Дизелдорф – 29.11.2024 – Centurium
– Мајнц – 01.12.2024 – KUZ Werkhalle
– Хамбург – 13.12.2024 – Markthalle
– Берлин – 16.12.2024 – Columbia Theater
Станува збор за турнеја во еминентни сали и концертни простори во кои имаат настапувано многу интернационални и германски артисти. Сите информации околу влезниците ќе бидат достапни утре (5-ти септември).
