Синоќа во кафе бар Везилка се одржа интересен настан поврзан со музичката
иаторија и култура на Битола и Македонија. По повод 25 години на траење во етерот на емисијата Металманиа се проектираше јубилејно издание на емисијата посветено на
25 години историја на постоењето на оваа емисисија.

На а проекцијата и претходеше изложбата на фотографии од нај значајните моменти и интервјуа реализирани во емисијата.


-“Емисијата посветена на 25 годишнината на Металманија е навистина вредна да се проследи. Голем број македонски музичари зедоа учество во нејзиното правење со свои изјави и видувања и се присетија на почетоците на оваа емисија. Ти се заблагодарија на креаторот на емиијата затоа што голем дел од нив на почетокот на нивните кариери за прв пат беа презентирани токму во оваа емисија и на тој начин македонсиот аудиториум дозна за нивното музичто творештво. Воедно тие истакнаа колку е значајно да постои една ваква емисија посветена на македонската алтернативна музичка сцена сцена” – Изјави Агим Џело за медиумите кој го проследија свеченото отварање на изложбата и проекцијата.


Проекцијата 25 години Металманиа и изложбата се поддржани од Министерството за
култура, а целовечерната забава насловена како Ноќ со Металманиа беше поддржана од Општина Биатола во склоп на Бит фест 2024

https://www.facebook.com/Metalmania.Macedonia

Фото – Диоген Хаџи Коста Милевски