Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во родната Битола, на Ракометното игралиште на 16-ти август со почеток од 20 часот. Концертот е наречен „Симултан бакнеж“. Концертот е дел од нивната августовска турнеја а после неодамнешниот концерт во Струга на Дрим Шорт.
Предгрупи на „Фолтин“ ќе бидат младите битолски бендови: „Tzar von time” „Siotto jazz” и „Corrosion” а како специјални гости ќе настапат „Суперхикс“. Влезници ќе можат да се купат во предпродажба во Aries Travel и Tobacco Brothers по цена од 300 денари.