ФОТО – КОНКУРС „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“ 2024

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 12. издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА″

КОНКУРСОТ Е ОТВОРЕН ДО 12.8.2024 , а наградниот фонд изнесува

– ПРВА НАГРАДА – 4000 ДЕН.
– ВТОРА НАГРАДА – 3000 ДЕН.
– ТРЕТА НАГРАДА – 2000 ДЕН.

– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата-аматери и професионалци.
ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е  – „МОДЕРНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ СИМБОЛИ НА БИТОЛА“
–  Фотoграфиите треба да се фокусираат на битолската архитектура која датира од периодот од 1950-та па до денс . Задачата ќе биде на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950-тата кои со својт дизајн и изглед се своевидни симболи на модерната Битоласка архитектура.

Организаторот го презема трошокот за изработка на фотографиите. Селекција на пристигнатите фотографии ќе направи стручно жири. Победниците ќе бидат соопштени на денот на отварање на изложбата, а изложбата ќе се реализира во месец септември 2024 година.

СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА – ГИ ОЧЕКУВА ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ