Прогласени најдобрите на „Илинденски денови“

На последната вечер на „Илинденски денови“ беа соопштени и признанијата и наградите за најдобрите

Според статутот на РФНИП „Илинденски денови“ Битола, како и принципите на CIOFF, на фестивалот се оценуваат и наградуваат само ансамблите од Македонија, додека ансамблите од странство настапуваат ревијално.

Жири комисијата на 54-от Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола, во состав: д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски на седницата одржана на 31 јули 2024 година ја донесе следната:

О Д Л У К А

за наградување на најуспешните фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци кои што настапија на 54-от Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола

1. За најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра се

​прогласува: КУД „Илинден“ Битола

2. За најуспешна група која презентираше староградски музика и игра се

​прогласува: ВИА „Распеани кичевчани“ Кичево

3. За најуспешна соло инструментална изведба се прогласува:

ОНИ „Осоговски бисер“ Кочани

4. За најуспешна играорна соло изведба се прогласува:

Зењел Беќири од КУД „Добра“ Дебар

5. За ансамбл со најизворна, најкомплетна, изворна носија се прогласува:

АФ „Гоце Делчев“ Битола