„Македона“ – ревија на дизајнирана женска облека инспирирана од народна носија

Синоќа во Офицерскиот дом се одржа модната ревија „Македона“ на младиот дизајнер Александар Ортаковски. Тој неколку години го гради својот бренд „Тао“, а сега инспириран од македонската традиција и култура ја создаде „Македона“, колекција уникатна женска облека инспирирана oд македонската носија.

„Еден млад,  многу инспиративен, ексцентричен човек од нашиот град, дизајнерот Александар Ортаковски за кој можам да кажам дека никогаш не работи по шаблони ја доби таа задача оваа година за фестивалот „Илинденски денови“ да направи своја колекција која што ќе се базира и ќе биде инспирирана од традицијата. Пред неколку години за прв започнавме со модни ревии на фестивалот и досега можевме да видиме традиционални македонски женски и машки облеки од ризницата на различни делови на нашата земја.“ – истакна Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.

„Дефинитивно голема привилегија е да се сака татковината а уште поголема привилегија да се има можност да се промовира. Да можеш да ја оживееш и интерпретираш традицијата е нешто бесценето.“ – потенцираше Ортаковски.

No Images found.