Синоќа на фестивалот „Битола Отворен Град“ на програмата беше проекцијата на краткометражниот игран филм „Слобода“ на режисерот Златко Ѓелевски. Филмот беше прикажан на платото на Офицерскиот дом во Битола. Пред проекцијата се одржа завршниот настан од Креативниот камп на „Битола Отворен Град“.


