ОХО продукција соошти деја освои GRAND PRIZE на престижниот Conecta FICTION & ENTERTAINMENT! Имено „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на најголемиот пазар за ТВ серии во Европа, Conecta FICTION & ENTERTAINMENT во Толедо, Шпанија!

Наградата вклучува 50.000 евра за развојот на нашата серија, чии автори се Андреј Волкашин и Петар Вулчев. Оваа возбудлива вест ја сподели и Variety кои по втор пат пишуваат за овој проект.

Возбудливата музичка драмедија ја прикажува Васка, која го напушта домот под менторство на мамливата проститутка Ебони, со цел да го освои поп-фолк натпреварот за песна на Балкавизија. Патувањето на две жени кои се борат со „своите внатрешни демони, грешките од минатото и учат како да ја преземат контролата врз сопствените животи“. Заедно со ОХО продуцираат бугарски Еквал Филм а проектот е поддржан од Македонската радио-телевизија, Gley.tv и HBO. Тие претходно добија врвна награда CineLink минатиот август.