Битолскиот театар победник на 51. ИНФАНТ фестивал

Во понеделникот, на 17.6.2024 година Битолскиот театар со претставата „Хамлет-денот на убиствата“ гостуваше на педесет и првото издание на ИНФАНТ фестивалот во Нови Сад, Србија.

Жирито, во состав на Јована Балашевиќ, Јелена Радовиќ и Милофан Филиповиќ изјави:

„Едноставност и прецизност на режисерската процедура, заедничка и силна игра на ансамблот, визуелно и музички, вешто и конкретно сведено. Сето тоа го прави Битолскиот „Хамлет“ комплетна и вредна претстава, во духот на најдобрата традиција на овој фестивал.“, и едногласно одлучија дека Народниот театар од Битола е победник на овогодинешниот фестивал.

Претставата е во режија на Марјан Неќак, работена според пиесата на Бернар-Мари Колтес. Драматург е Оливера Павловиќ, сценограф-Валентин Светозарев, костимограф-Андреј Ѓорѓиевски, дизајнер на видео-Сашо Илковски, суфлер-Мирјана Христовска, и инспициент Димитар Михајловски.

Играат:

Хамлет-Никола Стефанов

Офелија-Викторија Степановска Јанкуловска

Клаудиј-Иван Јерчиќ

Гертруда-Валентина Грамосли