Битолскиот театар на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Во петокот, на 7.6.2024 година под мотото „Промени се, промени сѐ“ започна педесет и осмото издание на најстариот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Годинава богатиот репертоар го исплонуваат театрите од Македонија, а свое гостување има и Драмскиот театар „Стојан Бочваров“ – Варна, Бугарија. Од денес, па сѐ до крајот на фестивалот кај саат-кулата во Прилеп ќе се одржуваат активности за деца, a dенес ќе биде отворена детската зона поддржана од „Чекор по чекор“.

„Сакам да имаме фесативал што ќе се менува, но и ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сриозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија“, додаде Ана Стојаноска, уметничкиот директор на фестивалот.

На 10.6.2024 година во 19:30 часот, ансамблот на Битолскиот театар ќе ја игра претставата „На дното“ по текст на Максим Горки, а во режија на Ќендрим Ријани.

Целосна програма на фестивалот